„Ќе го збогатам своето искуство во Кина“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Аксел Витсел откри поради што заминал во Кина пред Јувентус.

Витсел во минатите месеци преговараше со Јувентус и беше скоро нивни нов играч, но на крајот се одлучи за понудата од Кина каде ќе има 18 милиони евра годишна плата.

„Со истите контроверзии со кои се соочив кога преминав во Зенит. Луѓето зборуваат и пишуваат што сакаат. Ова е одлука која ја донесов за да доживеам нешто ново. Сигурен сум дека ќе го збогатам моето искуство. Еден ден моите деца ќе кажат дека живееле во Кина и Русија.“

Да потсетиме, Витсел е нов член на Тијанџин чиј тренер е Фабио Канаваро.