„Можеше многу подобро, но ништо не е готово!“

January 12th, 2017 | by Dejan Cvetkovski
„Можеше многу подобро, но ништо не е готово!“
Англија
0

Саутемптон го победи Ливерпул со 1:0 во првиот натпревар од ½-финалето во лига купот.

Тренерот на Ливерпул не може да биде задоволен со играта на Ливерпул, но смета дека неговиот тим и понатаму има шанси да дојде до финалето.

„По голот кој го примивме не дадовме вистински одговор. Изгубивме доста време, не бевме конкретни. Можеби е тоа лесно да се објасни, правевме многу грешки, но сепак тоа е куп натпревар.“

„Саутемптон имаше повеќе шанси и заслужено постигна гол. Не сум задоволен со ова, но ќе мора да дадеме се од себе во реваншот за да поминеме понатаму.“

Пред реваншот со Саутемптон на 25 јануари, Ливерпул ќе игра против Јунајтед и Свонси.

Comments are closed.