Што пишуваше на ливчето дадено на Стариџ: Целата вистина околу писмото!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јирген Клоп откри што се наоѓаше на парчето хартија кое му го даде на Даниел Стариџ во поразот од Саутемптон со 1:0.

Без неколку стандардни фудбалери Ливерпул се мачеше на теренот, а на крајот цената ја платија со пораз.

Во еден момент Клоп му даде на Стариџ парче хартија, а потоа тоа стигна и до другите играчи од тимот.

Германецот откри што пишуваше на него.

„Промена на тактиката. Сакав да преминам во формација 3-5-2 и тоа е тоа. Можеби доцна реагирав, бидејќи додадов хартија во текот на натпреварот. Седум или осум играчи веднаш сфатија што сакам.“

Ваквата ситуација ја искористија навивачите на Ливерпул кои се пошегуваа на сметка на Стариџ.

„Ако не постигнеш гол, ќе му се приклучиш на Бентеке во Кристал Палас.“