Тежок пораз за шампионот – Големи возбудувања во Филаделфија

January 12th, 2017 | by Dejan Cvetkovski
Тежок пораз за шампионот –  Големи возбудувања во Филаделфија
Вести
0

6 натпревари во НБА лигата беа одиграни минатата вечер, а највозбудлив натпревар беше помеѓу Филаделфија и Њујорк, каде што домаќинот дојде од победата со звукот на сирената.

Њујорк беше подобар во целиот натпревар, имаше и 10 поени предност, но на крајот изгубија со 97:96. Најдобар кај гостите беше Кармело Ентони со 28 поени, а го следеше Дерик Роуз со 25 додека во домашниот тим најдобар беше Џоел Ембид со 21 поен и 14 скокови.

Кливленд беше поразен на гостувањето кај Портланд со 102:86. Најдобри во домашниот тим беа МекКолум со 27 и Алан со 24 поени додека кај Кливленд, Џејмс постигна 20 поени и 11 скокови.

Нов трипл-дабл имаше Вестбрук. Тој постигна 24 поени, 13 скокови и 12 асистенции во победата на Оклахома против Мемфис со 103:95.

Останати резултати:

Бостон – Вашингтон 117:108
Минесота – Хјустон 119:105
Клиперс – Орландо 105:96

Comments are closed.

I Like SuperSport close[x]
Или почекајте 20 секунди