„Најдобар боксер сум во историјата, поголем и од Али!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американецот Флојд Мејведер се смета себеси за најдобар боксер во историјата, поголем дури и од Мухамед Али.

39-годишниот боксер од рингот се повлече во септември 2015 година, а како што вели во кариерата заработил повеќе од 800 милиони долари.

„Ако зборуваме за трагата која ја остави зад себе, Али е далеку пред сите, но ако зборуваме за наградите и текот на кариерата, тогаш тоа е Флојд Мејведер.“

Да потсетиме, тој беше светски шампион во 5 категории и ги соедини ВБЦ, ИБФ, ВБА и ВБО титулите.

„Али ми го отвори патот и ми дозволи да бидам тоа што сум. Сепак, јас срушив рекорди додека Али изгуби титула од боксер кој во својот активен период имаше само 7 борби.“