„Размислувам само за Јувентус!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пауло Дибала ја отфрли можноста да замине во Барселона или Реал Мадрид и нагласи дека е среќен во Јувентус.

„Никој е ми споменуваше никакви понуди. Среќен сум во Јувентус, во следните денови доаѓа мојот агент и ќе разговараме за нов договор со клубот.“

„Размислувам само за Јувентус. Имам само 23 години, морам уште да напредувам. Морам да ја поправам физичката сила и играта со десна нога. Ми се допаѓа улогата на теренот која ми ја дава Алегри.“

Дибала во победата на Јувентус од 3:2 против Аталанта во купот постигна гол и имаше асистенција.