„Ја  покорив Англија за само три месеци! Ќе видите како допрва како ќе игра Манчестер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед. Втор најдобар стрелец во Премиер лигата. А како што сега работите стојат се чини дека Златан Ибрахимовиќ веќе во првата година од претстојот на Островот може да ја „облече“ Златната копачка, наменета за човекот кој ќе постигне најмногу голови во најквалитетната лига од англискиот фудбал.

Шведскиот ас е уверен веќе сега, само што почна вториот круг од првенството, заслужува да каже дека, после Холандија, Италија, Шпанија и Франција, заблеска во уште една, во најсилната лига на Стариот континент.

„Немам ниту една поединечна цел која сакам да ја остварам, бидејќи се веќе направив. И тоа за само три месеци во Англија. Беше потребно само толку да ја покорам“, самоуверен, како и секогаш, популарниот Ибра.

„Ви зборував вас „само полека“, сега чекаме тие од врвот да почнат да грешат“, рече напаѓачот на Јунајтед.

Тој многу се покажа како добра ивестиција на Црвените ѓаволи. На 19 првенствени натпревари даде 13 голови, пред него на листата на стрелците е само Диего Коста од Челси (14).

„Не, не, не го бркам Диего Коста. Не бркам никого. Сега го бркам главниот трофеј, а тој е пехарот од Премиер лигата. Тоа ми е цел. Личните достигнувања се само попатни станици до исполнување на главната цел. Тоа е некој вид на бонус за секој фудбалер поединечно. Ако екипата постигнува добри резултати, тогаш и работи и индивидуални работи. Се трудам да помогнам на тимот со тоа што работам најдобро што умеам – да давам голови.

Плус, играм добро, создавам шанси на моите колеги. Истото важи и кога работите се постават спротивно, бидејќи соиграчите помагаат на мене“.

Серија од девет триумфи по ред во сите натпреварувања, Манчестер со Златан моментално е шести на табелата од Премиер лигата, се пласираше во нокаут фазата од Лига Европа (ги чека двомеч со Сент Етјен), успешно го направија првиот чекор во ФА Купот, додека во Лига Европа е на чекор од финале, поради тоа што во првиот полуфинален меч има 2:0 против недорасниот Хал.

„Го имаме нашиот пат, кој подразбира и подеми и падови, победи и порази. Во последно време победуваме, се стабилизиравме како екипа. Тренерот ја пронајде основата, што не е лесно кога ќе дојде нов шеф на стручниот штаб во целосно нов тим и сака да ја наметне својата филозофија. Ви зборував на почетокот:

„само пополека“, ќе биде се подобри и подобри“. Кликна нешто во нас, Ни беше тоа потребно. Сега се гледа идентитетот на Манчестер. Се пронајдовме, но мислам дека можеме да бидеме уште подобри. И ќе бидеме подобри, бидејќи работиме напорно на тоа“.