Одбојкарите ги дознаа противниците во Европската Лига


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одржа ждребот за Европската Лига, а одбојкарската репрезентација на Македонија ги дозна противниците.

Македонија се најде во групата А заедно со Шведска и Израел. Во група Б ќе има една репрезентација повеќе, а во неа се Данска, Украина, Албанија и Унгарија.

Најдобрите две репрезентации од групите ќе се пласираат на Ф4, а распоредот на натпреварите ќе биде дополнително утврден.

Минатата година Македонија го освои второто место бидејќи во финалето загуби од Естонија, а и во 2015-та година заврши на второто место.