„Тешко е да се биде пријател со возач кој сакаш да го уништиш!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


7 години Валентино Роси и Хорхе Лоренцо беа партнери во гаражата на Јамаха и ниту во еден момент нивниот однос не бил идеален.

Големи ривали, големи борци, силни каракгери.. Се тоа влијаеше на „пријателството“ и ги уништи односите, за кои и едниот и другиот секогаш зборуваа.

Лоренцо смета дека сега, кога вози за Дукати, нивниот однос е подобар.

„Нашиот однос беше сличен на тој на Сена и Алан во Ф1. Не е лесно кога сакате да го победите возачот кој има ист мотор или болид. Тешко е да се биде пријател со возач кој сакаш да го уништиш.“

„Роси и јас ќе продолжиме да се натпреваруваме во иста категорија, но сега со различни машини. Тоа се разликува многу од ситуацијата претходно.“

Италијанецот е среќен со начинот на кој се прости од големиот ривал.

„Ова беше добар момент. Од крајот на 2015 година нашиот однос се влоши. Многу време поминувавме заедно, а по трката во Валенсија минатата сезона тој дојде и разговаравме. Беше тоа убав гест и среќен сум со начинот на кој се збогувавме.“