Промена на противникот на одбојкарите на Македонија – Првиот турнир се игра во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одбојкарската репрезентација на Македонија наместо Израел за противник ќе ја има Албанија во групата А од Европската Лига.

Македонија во групата А за противниците ќе ги има репрезентациите на Албанија и Шведска.

Првиот турнир во групата А ќе се одржи во Македонија, а терминот наскоро ќе се дознае, а вториот турнир ќе се одржи во Албанија.

Ф4 ќе се игра во Данска во периодот од 1-ви до 2-ри јули. Ако Данска биде на првите две места во групата Б тогаш на завршницата ќе се пласираат двете најдобри репрезентации од групите. Ако Данска заврши трета или четврта, тогаш на Ф4 ќе се пласираат победниците во групите и подобрата репрезентација од второпласираните.