Леброн напредуваше на вечната листа – Престигнат Хардвеј


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Леброн Џејмс синоќа запиша четири асистенции во поразот на Кливленд од Портланд, па така го престигна Тим Хардвеј на вечната листа на најдобрите асистенти во НБА.

Кралот моментално е на 15-то место со вкупно 7098 додавања, а бидејќи оваа сезона просечно има учинок од 8.1 асистенции по натпревар најеројатно до крајот на регуларниот дел ќе ги престигне и Тери Портер(7160) и Лени Вилкенс(7211).

Исто така, Џејмс оваа сезона направи голем чекор напред на листата на најдобри стрелци и моментално е осми со 27746 поени.