Фаворитот без поголеми проблеми – Јапонија немоќна против Русија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес беше одигран натпреварот на СП Франција помеѓу репрезентациите на Русија и на Јапонија.

Русија во натпреварот влезе како фаворит и од самиот почеток на натпреварот го превзема водството, па имаше предност и од 4 голови на почетокот.

Како изминуваше времето Јапонија постојано се обидуваше да се врати во натпреварот и да фати приклучок на Русија, но едноставно Русите беа многу моќни.

Пред крајот на полувремето Русија дури имаше предност од 5 голови, но Јапонија со 2 голови во серија успеа да се врати и на полувремето да замине со негатива од 3 голови, односно резултат 18:15.

Во вториот дел од натпреварот се зголемија возбудувањата.

Јапонија почна да притиска повеќе и во 40-та минута од натпреварот успеа да ја стигне Русија и да го израмни резултатот.

Меѓутоа, Русите се освестија и ги превземаа работите во свои раце, па повторно почнаа да доминираат.

Како што и се очекуваше, Русија без некои си посебни проблеми во финишот го доби противникот со 39:29.

Во тимот на Русија по 6 голови успеаа да постигнат Дибиров, Атман и Шишкарев додека во редовите на Јапонија најдобар беше Шида со 7 постигнати голови.