Баерн се подготвува за наредната сезона: Пристигнуваат двајца играчи од Хофенхајм!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион Баерн Минхен веќе договори двајца нови играчи за наредната сезона.

Наводно Баварците за 20 милиони евра од Хофенхајм го купија еден од најдобрите млади дефанзивци во светот, Никлас Шуле.

21 годишниот играч веќе се покажа добро во бундеслигата, веќе има 99 настапи и 7 погодоци, а веќе дебитираше и за репрезентацијата.

Шуле е висок 1.95цм и е феноменален во воздушни дуели, но добар е и на земја.

Баерн заврши добра работа, во трка беа и други европски великани, најсериозен беше Челси.

Токму овој играч е заслужен за тоа што Хофенхајм сеуште нема пораз во лигата.

Освен него наводно и неговиот соиграч Себастијан Руди е договорен за наредната сезона.

Руди има 26 години, одлично се снаоѓа како десен бек но може да послужи и во средниот ред.