Фаворитите стигнаа до победа – Исланд не издржа до крајот против Шпанија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес од 20:45 на Светското првенство во Франција се играше натпреварот помеѓу Шпанија и Исланд.

Шпанците влегоа како големи фаворити во натпреварот, а на крајот ја оправдаа таа улога.

На самиот почеток на натпреварот Исланд подобро започна, па неколку пати имаше предност против Шпанците, а во еден момент таа изнесуваше и 4 поени.

Благодарение на добрата игра во првиот дел Исланд замина на полувремето со предност од 12:10.

Во вториот дел гледаме сосема поинаква приказна. На почетокот на второто полувреме Исланд сеуште ја имаше предноста, но набрзо потоа при резултат 13:15 за Исланд, Шпанците се разбудија од сон и направија неверојатна серија од 6 голови и така дојдоа до предност.

До крајот на натпреварот Шпанците ја одржуваа разликата и успеаа да победат со 27:21.

Најдобар стрелец во натпреварот беше Сигурдсон со 5 постигнати голови додека во редовите на Шпанија, Канељас успеа да постигне 4 голови.