Куцка и Бонавентура за три минути го елиминираа Торино – Милан во 1/4 финале (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан во натпревар од 1/8 финалето од купот на Италија на Сан Сиро славеа против Торино со 2:1.

Шок за навивачите на Милан во 27-ма минута. Бенаси асистираше, а Белоти ја затресе мрежата за водство на Торино, 0:1. На полувреме резултатот беше 0:1.

Во второто полувреме фудбалерите на Милан за три минути постигнаа два погодоци. Прво Куцка на асистенција на Де Шиљо го израмни резултатот. Бонавентура му донесе победа на Милан во 64-та минута, 2:1. Пред крајот на натпреварот Торино остана со фудбалер помалку на теренот бидејќи втор жолт картон доби Барека.

Милан се пласира во 1/4 финале.