Историско реми – Реал Мадрид е првиот клуб кој 40 натпревари остана непоразен (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа на Рамон Санчез Пискуан во реванш натпреварот од 1/8 финалето од купот на кралот против Севиља, 3:3.

Севиља по почетокот на натпреварот тргна по погодок. После десет минути игра домашните имаа водство. Данило постигна погодок со глава во својата мрежа. Со 1:0 Севиља замина на полувреме.

На почетокот на второт полувреме Асенсио го израмни резултатот. Долго не траеше нерешениот резултатот на семафорот бидејќи Стеван Јоветиќ на дебито постигна погодок за водство на Севиља, 2:1. Во 78-ма минута Ибора зголеми на 3:1 и на Севиља и требаа уште два погодоци за да го елиминира кралскиот клуб. Неколку минути подоцна беше досуден пенал за Реал Мадрид, а Серхио Рамос постигна паненка погодок за 3:2. Карим Бензема во финишот на натпреварот го спаси кралскиот клуб од пораз, 3:3.

Историско реми за Реал Мадрид, првиот клуб во Шпанија кој на 40 натпревари остана непоразен.

Реал Мадрид се пласира во 1/4 финале.