Неочекувано брзо враќање на Линдзи Вон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската скијачка Линдзи Вон се враќа на патеката по тешка повреда која ја доби на средината на ноември.

Таа ја скрши раката во ноември, а првите прогнози не беа оптимистички.

Сепак, Вон по само 2 месеци успеаа да ја излечи повредата, па најави свое враќање наредната недела, кога на програмата е спустот во Алтенмаркт.

32-годишната Американка во кариерата има 76 победи, а 126 пати беше на победничкиот подиум.

Вон има освоено 2 медали на ОИ(злато и бронза) и 6 медали од светските првенства(2 златни, 3 сребрени и бронзен).