Замина во легендите: Сергеј Рутенка ја заврши својата кариера


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатиот белоруски ракометар, Сергеј Рутенка одлучи да ја заврши кариерата на 35 години.

Оваа вест ја пренесе ЕХФ, а на неа Рутенка објави изјава:

„Размислував за тоа веќе подолго време. Дури и мојата сопруга не веруваше и цело време ме прашуваше дали сум сериозен. Оваа одлука ја гледам како нова страница во мојот живот. Не сум ниту прв, ниту последен играч кој ја завршил својата кариера.“

Сергеј Рутенка важи за еден од најдобрите ракометари на сите времиња, а својата кариера ја започна во Аркатрон од Минск, од каде што стигна во Словендија и каде играње за Горење и Цеље.

Потоа играше за Сиудад Реал и Барселона, по што се врати во татковината и настапуваше за СКА од Минск.

Рутенка во својата кариера играше за репрезентацијата на Словенција и Белорусија, а ЛШ ја освои 6 пати.