Куп на кралот – Барса го извлече џелатот, Реал и Атлетико подобро поминааа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес беше одржан ждребот за четвртфиналето во купот на кралот.

Барса ја брани титулата и ќе игра против Реал Сосиедад кој често знаеше да им биде тежок ривал. На Аноета каталонците немаат победено од 2007-ма година.

Реал Мадрид ќе игра против Селта Виго, а Атлетико Мадрид против Еибар, а тоа значи дека во февруари ќе гледаме дерби. Се разбира ако поминат Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Алкоркон во 1/4 финалето ќе игра против Алавеш.

Првите натпревари се играат на 18-ти јануари, а реваншите седум дена подоцна.