Рамос некои работи повеќе не можеше да ги чува во себе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серхио Рамос беше стрелец за Реал Мадрид и во реваншот од Купот на Кралот против Севиља.

Рамос е капитен на Реал Мадрид и вистинска легенда, а роден е во Севиља, каде што играше како десетгодишен, а девет години подоцна премина во Реал Мадрид.

Неговото враќање на Санчез Писхуан не беше онакво какво што требаше да биде.

Тој се однесува како професионалец, но него сеедно го навредуваат навивачите на Севиља.

Меѓутоа, неговото славје пред навивачите на Севиља сепак е нешто што ова не му го простуваат.

„Не покажав непочитување кон навивачите на Севиља, токму спротивно. Од тие кои спрема мене се однесуваа кореткно барав простување, додека за тие кои од почетокот до крајот на натпреварот ја навредуваа мојата мајка, ниту најмалку ми е грижа. Секој пат кога ќе се вратам во Севиљња е така и повеќе ми е доста!“, бесен беше Рамос после натпреварот и продолжи со интересната споредба:

„Би сакал кога во мојот град би ме пречекале подруго, бидејќи ова не го заслужив, но спремен сум на се. Јас доаѓам да играм фудбал, а некоја Севиља и нивниот претседателот не преземаат мерки, како на т ие кои единствена намера им е да навредуваат, фрлаат дамка на останатите навивачи“.