Сан Антонио го декласираше Лејкерс – Победи на Голден Стејт и Њујорк


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА лигата се одиграа 6 натпревари во НБА лигата.

Екипата на Сан Антонио го декласираше Лејкерс со 134:94. Најдобар во тимот на Сан Антонио беше Леонард со 31 постигнат поен додека на другата страна најефикасен беше Рендл со 22 поени.

Убедлива победа имаше и Голден Стејт против Детроит. Тие успеаа да победат со 127:107, а Кевин Дурант успеа да постигне 25 поени, 9 асистенции и 6 скокови. Кари постигна 24, а Томпсон 23 поени. Кај Детроит најдобар беше Морис со 21 поен.

Њујорк успеа да победи против Чикаго со 104:89. Кармело Ентони постигна 23 поени, 9 скокови и 6 асистенции додека кај Чикаго најдобар беше Вејд со 22 поени.

Останати резултати:

Денвер – Индијана 140:112
Бруклин – Њу Орлеанс 95:104
Феникс – Далас 108:113