Пистонс ја осигураа првата ѕвезда и доведоја одличен плејмејкер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Детроит Пистонс изгледаат спремаат тим за најголеми успеси на Истокот.

Се помалку слободни агенти има на пазарот, а денес Пистонс доведоја уште двајца.

Андре Драмонд беше ограничен слободен агент, а тој како и Дерозан остана во клубот.

Дре ќе потпише максимален договор вреден  130 милиони долари.

Драмонд минатата сезона беше најдобар скокач во лигата и имаше учинок од 14.8 скока по натпревар

Во најголемиот град на државата Мичиген стигна и одлично засилување на позицијата плејмејкер.

Претходните сезони Блејк беше алтернатива за Џексон, логично беше Ван Ганди да побара нов плејмејкер.

На пат дресот на Детроит е да го облече Иш Смит.

Тој минатата сезона прво играше за Пеликанс каде имаше 8,9 поени и 5,7 асистенции по натпревар, потоа потпиша за Филаделфија каде имаше учинок од 14.7 поени и 7 асистенции по натпревар.

Најверојатно Смит ќе потпише 3-годишен договор вреден 18 милиони долари.