Проблеми во Челси – Одличниот напаѓач не патува во Лестер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот стручнак и шпански репрезентативец се во конфликт, поради тоа не патува на гостувањето кај шампионот.

Диего Коста имено пати од проблеми со грбот, што многумина го поврзуваат со честите повреди на задната ложа, што го мачи напаѓачот.

Сепак, медицинскиот персонал на Сините не се сигурни дека Коста навистина има толку проблеми, а Конте застана позади својот персонал.

Ова несогласување во мислењето, доведе до расправа меѓу наѓачот и тренерот на лондонската екипа, а сега се зборува дека Коста поради се се сомнева во методите на медицинскиот персонал на својот тим.

Познато е дека Челси планира да понуди нов договор на поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, но оваа ситуација може да влијае на таа одлука на управата на клубот од Бриџ.

Поради се, Коста дури не е во тимот за гостувањето на актуелниот шампион на Премиер лигата, кој е познат како многу незгоден ривал на својот стадион и тоа во првиот дуел на Челси после прекинувањето на серијата и поразот од Тотенхем.

Се знае и дека Коста има голема понуда од Кина, и многумина се сомневаат дека Сините поради ваквата ситуација може да останат без дефинитивно најдобриот играч на клубот во оваа сезона.

Тој запиша 14 голови во Премиер лигата, еден од најзаслужните за моменталниот пласман на Сините на табелата.