Реал се спаси од срам во Мадрид – Драматичен крај во Грција, Панатинаикос подобар по продолженија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вечерните часови се одиграа уште 2 натпревари во Евролигата.

Првиот натпревар помеѓу Панатинаикос и Анадолу Ефес се играше од 20:45, а другиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Макаби Тел Авив се играше од 21:00.

Првото полувреме помеѓу Панатинаикос и Ефес, подобро го започнаа Грците и успеаа да победат во првата ¼-на со високи 21:13, но потоа следуваше мал пад во играта и на полувремето заминаа со предност од 6 поени, односно 38:32.

Во продолжението Ефес играше подобро, па заслужено победи и во третата ¼-на со 18:15 и така натпреварот влезе во неизвесна завршница и во регуларниот дел тие завршија 70:70, а за да се реши победникот се играа продолженија.

На продолженијата подобар беше тимот на Панатинаикос кој доминираше и победи со конечни 92:81

Најдобар стрелец во натпреварот беше Риверс со 23 поени.

Вториот натпревар кој се играше денес започна лошо за домаќинот во Мадрид. Тимот од Израел успеа да стигне до предност од 21:16, но потоа Реал врати со иста мерка, па на полувремето домаќините заминаа со 1 поен предност, односно резултат од 37:36.

Во вториот дел израмнета борба во третата ¼-на и резултат од 15:15, па се очекуваше и овој натпревар да влезе во возбудлива завршница, но сепак Реал се разбуди и се спаси од срам во својот Мадрид, па победи со 80:75.

Во тимот на Реал Мадрид најдобри стрелци беа Ајон и Фернандез со по 14 поени додека во тимот на Макаби најдобри беа Гаудлок и Руд со по 18 поени.