„Мислев дека Серија А е „ништо посебно“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер веќе две сезони игра за екипата на Рома и позитивно е изненаден од квалитетот на Серија А.

Рудигер прв пат во италијанската лига стигна на лето 2015 година од Штутгарт на позајмица.

Во текот на сезоната 2015/16 година го задоволи вкусот на челниците на Рома и тие подоцна го откупија неговиот договор од германската екипа за околу десет милиони евра.

Германскиот стопер  и неизоставен дел од првиот состав на Рома порача дека, пред доаѓањето во Серија А, мислеше дека оваа лига е „ништо посебно“ но многу брзо се предомисли.

„Искрено, кога играв во Германија мислев дека италијанската лига е „ништо посебно“. Исто така го гледав и нејзиниот рејтинг во однос на останатите лиги. Сепак, кога го одиграв првиот натпревар овде сфатив дека нема да биде лесно. Тимовите се многу подобро тактични спремни отколку во Германија каде што веќе работат на физичката спремност“, рече Рудигер.

Да потсетиме дека Рудигер во оваа сезона имаше мали проблеми со повредите, но успеа сепак да собере 10 настапи во Серија А и два во Европската лига.