Сонот за Грен Слем премиерa не се оствари – Ѓорческа поразена од фаворитката Фегеле


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашата најдобра тенисерка за малку не успеа да се пласира во главниот дел од АО, откако во 3-то коло од квалификациите беше поразена од Штефани Фегеле.

Лина во првиот сет успеа да победи со 6:4 и сите се надевавме дека и така ќе продолжи, но тука започна пресвртот.

Швајцарката започна многу подобро во продолжението и како изминуваше времето таа играше се подобро, па ја елиминираше нашата тенисерка со 6:3 и 6:2, во вториот и третиот сет.

Како и да е, и стигнувањето до 3-то квалификациско коло е огромен успех за младата Ѓорческа и воопшто, за македонскиот тенис и македонскиот спорт.