ВТА Хобарт: Мертенс го освои турнирот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ели Мертенс триумфираше на турнирот во Хобарт.

Таа во финалето беше подобра од Моника Никулеску со 6:3 и 6:1 и така дојде до првата титула во кариерата.

Треба да се каже дека Мертенс во текот на оваа недела не изгуби ниту еден сет, односно до главниот ждреб дојде преку квалификации.

Таа по завршувањето на турнирот доби 43.000 долари, а од понеделник ќе има и 280 ВТА бодови.