Трипл-дабл на Вестрбук недоволен за победа – Јута го декласираше Детроит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Расел Вестбрук стигна до нов трипл-дабл оваа сезона, но тоа не му помогна на неговиот тим да победи против Минесота. Оклахома беше поразена со 86:96, а одличниот бек постигна 21 поен, 12 асистенции и 11 скокови.

Во победничкиот тим најдобар беше Таунс со 29 поени и 17 украдени топки.

Мемфис успеа да го победи Хјустон со 110:105. Најдобар беше Тони Ален со 22 поени и 4 скокови додека кај гостите најдобар беше Харден со 27 поени и 9 асистенции.

Актуелниот шампион Кливленд беше сигурен на гостувањето кај Сакраменто со 120:108. Ирвинг постигна 26 поени и 5 асистенции додека кај домаќинот најдобар беше Казнс со 26 поени, 11 асистенции и 8 скокови.

Останати резултати:

Филаделфија – Шарлот 102:93
Торонто – Бруклин 132:113
Атланта – Бостон 101:103
Милвоки – Мајами 116:108
Портланд – Орландо 109:115
Јута – Детроит 110:77