Снегот го одложи спустот, но и враќањето на Вон


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Снегот денес го одложи тренингот во женскиот спуст во Алтенмаркт-Каухензен.

Организаторите ја разгледуваат можноста да се вози во недела, а трката во комбинација планирана за тој ден да биде откажана.

Временските услови се ужасни и поради тоа мораше денес да биде одложена трката.

Лошото време ги прекина тренинзите во претходните 2 денови, поради што организаторите го поместија времето на трката, бидејќи спустот не може да се оддржи без претходен тренинг.

Во сабота на патеката по скоро година дена пауза поради повреда би требало да се врати Линдзи Вон.