„Медиумите го симпатизираат Ливерпул“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред дербито со Ливерпул, тренерот на Манчестер Јунајтед, Мурињо изјави дека медиумите често го сакаат повеќе големиот ривал.

Ливерпул веќе 27 години нема освоено шампионска титула, па јавноста често е на нивна страна, во надеж дека ќе ја прекинат црната серија.

„Тие се одличен тим. Но веќе долго време приметувам дека постојат многу емоции во врска со нив, бидејќи долго време не беа шампиони.“

„Кога вие во медиумите мислите дека Ливерпул има шанси за титула, често знаете да ги поддржувате.“

„Тоа е нормална работа, тие се втори на табелата. Од прво место ги дели само 5 бодови.“

Дуелот на двата најтрофејни англиски клубови се игра во недела од 17 часот.