Александар Неданоски се врати во Пелистер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прволигашот Пелистер се засили со уште еден фудбалер во зимскиот преоден рок.

Раководството на клубот одлучи да го врати Александар Неданоски од позајмицата во Новаци.

За второлигашот Неданоски постигна девет погодоци.

Недановски е дете на Пелистер, а конкуренцијата во нападот се зголеми бидејќи во битолскиот клуб пристигна Баже Илијоски, а останаа Лукас, Бујчевски, Божиновски и Трифуновски.