Лил го зеде пленот на „Волчицата„


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од трансферот на Анвар Ел Гази од Ајакс во Рома најверојатно нема ништо.

Холандиските медиуми пренесуваат дека Ајакс ја прифати понудата на Лил вредна 7 милиони евра за Ел Гази.

21 годишниот играч се поврзуваше и со Милан и Лацио и со оглед на тоа многумина сметаа дека неговата иднина е во Италија, но од тоа ништо.

Ел Гази е еден од играчите кои имаа проблеми при комуникацијата со тренерот Питер Бош и беше очигледно дека ќе замине овој преоден рок.