Убедлива победа на Арсенал, Вест Хем конечно успеа да победи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 21-то коло од ПЛ се одиграа уште шест натпревари.

Фудбалерите на Арсенал на Либерти славеа убедливо против Свонси, 0:4.

Првиот погодок на натпреварот го видовме во 37-ма минута кога Оливие Жиру ја затресе мрежата на домашните.

Во второто полувреме видовме два автогола на фудбалерите на Свонси. Корк и Нотон погодија во своите мрежи за 0:3. Конечните 0:4 ги постави Алексис Санчез петнаесетина минути пред крајот на натпреварот.

 

Хал на домашен терен го совлада Борнмут со 3:1.

Во третата минута од натпреварот беше досуден пенал за гостите, а Станислас му донесе водство на Борнмут.

Хернандез во првото полувреме го израмни резултатот. На почетокот на второто полувреме Хернандез го постигна вториот погодок на натпреварот. Со автоголот на Мингс, Хал ја обезбеди победата на денешниот натпреварoт.

 

Стоук за едно полувреме го среди Сандерленд, 1:3.

Арнаутовиќ во период од седум минути во првото полувреме постигна два погодоци. Неколку минути подоцна Питер Крауч погоди за 0:3.

Дефо пет минути пред крајот на полувреме го постигна единствениот погодок за Сандерленд на овој натпревар, 1:3. Во второто полувреме мируваа мрежите, а Стоук на крајот се радуваше.

 

Вест Хем после два порази во низа успеа да победи. Го совладаа на домашен терен Кристал Палас со 2:0.

Во првото полувреме не видовме погодоци.

Феигули, Керол и Ланзини ги постигнаа погодоците за победа на својот тим.

 

Барнли минимално славеше на домашен терен против Саутемптон, 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна резервата Бартон во второто полувреме.

 

Вотфорд и Мидлзбро ремизирааа и ги поделија бодовите, 0:0.