Барселона пукна посленовогодишна петарда – Дебакл на Лас Палмас на Камп Ноу (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона славеше убедливо на Камп Ноу против Лас Палмас во натпревар од 18-то коло од Ла Лига, 5:0.

После петнаесетина минути игра на Камп Ноу, Барселона стигна до водство. Луис Суарез ја затресе мрежата, а асистент Андре Гомеш.

Голманот на Лас Палмас до крајот на првото полувреме го спасуваше својот тим од повеќе примени погодоци.

На почетокот на второто полувреме Лионел Меси зголеми на 2:0.

Потоа во период од две минути каталонците постигнаа два погодоци. Луис Суарез го постигна вториот погодок на натпреварот, а Арда Туран две минути подоцна погоди за 4:0.

Десет минути пред крајот на првото полувреме Алкасер асистираше, а Алеиш Видал ги постави конечните 5:0.

Барселона во следното коло му гостува на Еибар, а Лас Палмас на домашен терен ќе игра против Депортиво Ла Коруња.