Њукасл во тимот има „нов Ширер“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафа Бенитез направи одличен потег кога го донесе Двајт Гејл од Кристал Палас.

Тој по доаѓањето ја зема „деветката“ која зад себе ја остави Сисе, а која му ја остави Митровиќ и засега тој ја оправда тежината на тој дрес.

Сега го постигна и својот 20-ти гол во дресот на Њукасл, а воедно и 20-ти во Чемпионшип оваа сезона, а со тоа е убедливо прв стрелец на листата на стрелци.

Тој број на голови преставува и нешто повеќе, а тоа е дека Гејл стана првиот играч на тимот кој стигнал до бројот од 20 голови, уште од времето на Ален Ширер кој последен пат успеа да го направи тоа во сезоната 2003/04.