Шампионот на колена – Маркос Алонсо и Педро донесоа голема победа на Челси (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси славеа на Кинг Пауер убедливо со 0:3 против Лестер во натпревар од 21-то коло од ПЛ.

Само после шест минути игра Челси стигна до водство. Маркос Алонсо ги израдува гостинските навивачи.

На почетокот на второто полувреме стрелецот на првиот погодок, Маркос Алонсо го постигна вториот негов погодок на натпреварот за 2:0.

Неколку минути подоцна Алонсо имаше шанса за хет-трик, но беше непрецизен. Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Педро постигна погодок со глава за конечни 0:3.

Челси во следното коло на Стемфорд Бриџ ќе го пречека Хал, а Лестер гостува кај Саутемптон.