Данска ги „закопа“ Фараоните – Хрватска со големи маки до победа против Унгарија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес од 20:45 се играа три натпревари на СП во Франција.

Еден од тие натпревари беше дуелот помеѓу репрезентациите на Египет и Данска.

Како што се очекуваше и пред натпреварот, така и излезе на крајот, па Данска стигна до победа со 35:28.

Египет успеа прв да го превземе водството во натпреварот, но тоа беше се од нив.

Во текот на целиот натпревар Данска имаше по неколку серии од голови и буквално ги декласираше играчите на Египет кои влегоа како аутсајдер во овој натпревар. На полувремето Данска замина со 21:15.

Во вториот дел иста приказна. Данска погодува, Египет продолжи со своите маки и на крајот заслужено победува Данска со резултат 35:28.

Најдобар стрелец во тимот на Данска беше Сван со 6 постигнати голови додека кај Египет најдобар беше Ел-Дера со 6 голови.

Во вториот натпревар кој се играше во тој термин се соочија репрезентациите на Унгарија и Хрватска.

Двата тимови го започнаа натпреварот со проблеми во нападот, а првиот гол падна дури во 4-та минута од страна на Унгарците.

Во продолжението од натпреварот, односно во 10-та минута Хрватска со голот на Златко стигна во водство од 3:2, но потоа следеше пад на концентрацијата во нападот на Хрватите, па Унгарците вратија и зголемија на 5:3.

Во 20-та минута Унгарците имаа водство од 9:6, а така и го одржаа во следните минути, па во 26-та минута при резултат од 10:7, нешто како да го разбуди нападот на Хрватска кој се разбуди и успеа да израмни, па на полувремето се замина со резултат 11:11.

Дувњак во 43-та минута погоди за предност од 14:13, а потоа постојано беа во предност Хрватите, а во 50-та минута имаа предност и од 5 голови, односно резултатот беше 25:20.

До крајот на натпреварот, Хрватите успеаа да го задржат темпото и на крајот успеаа да триумфираат со 31:28

Најдобар играч кај Хрватска беше Штрлек со 6 постигнати голови.

Третиот натпревар кој се играше во тој термин беше помеѓу Ангола и Македонија, кој заврши со победа на Македонија од 31:22, а подеталено за тој натпревар може да прочитате тука.