Филип Лазаров – Ни следуваат три тешки натпревари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија можеби лошо го започна натпреварот против Ангола, но како поминуваше времето, ние бевме се подобри и така стигнавме до 2-та победа во 2-от натпревар на СП во Франција.

„Па добро тоа ни беше првата цел, со две победа да го стартуваме ова Светско првенство. Акцентот ни беше ставен на Тунис, а нормално сите се надевавме на победа против Ангола.“

„Почеток со две победи е одличен за нас, сега имаме уште три тешки дуели, каде ќе бркаме нешто повеќе. Одлично се подготвивме во Маврово и мислам дека уморот нема да делува на нас. Ние тука дојдовме да играме 6-7 натпревари и мислам дека сме подготвени за тоа“

Во понеделник нашата репрезентација игра против Словенија во 17:45, а во моментов имаме ист број на победи како тимовите на Шпанија и Словенија.