Готово! Реал ја победи цела Европа и го доведе црниот Ибра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Швеѓанецот Александер Исак ќе потпише 5-годишен договор со Реал Мадрид.

Александер Исак, младиот 17-годишен напаѓач на Аик Стокхолм следната недела и официјално ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид со кој ќе потпише 5-годишен договор. Оваа информација ја објави Марка која напиша дека шампионот на Европа и светот ја доби битката со многуте клубови кои го сакаа младиот фудбалер означен како црниот Златен Ибрахимовиќ.

Неколку месеци Реал вниманително го скаутираше ова момче, неколку пати го гледаше во живо, последните неколку недели почна да преговара со неговиот клуб. Не им беше тешко да најдат заеднички јазик бидејќи на Исак му е агент Владо Лемиќ со кој работи и легендата Предраг Мијатовиќ, па логично дека кралскиот клуб беше успешен.

Мадриѓани можат да доведат фудбалери, но не може да ги регистрира до лето бидејќи имаат забрана од ФИФА.

Исак во ноември беше во тренинг кампот на Реал во Валдедебас. За него имаше голем интерес од гигантите, но тој го избра Реал Мадрид.