„Глупости се дека Меси нема да го продолжи договорот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вчера на Ноу Камп го совладаа Лас Палмас со 5:0 во меч од 18 коло на Ла Лига.

Каталонците без проблеми стигнаа до нови три бода, а одличен меч повторно одигра Лионел Меси кој постигна еден гол.

Во последно време доста се шпекулира за тоа дека Меси нема да го продолжи својот договор со Барса, но Луис Суарез не се грижи премногу за тоа.

„Тој е филм кој го режираа медиумите. Претседателот рече дека преговорите се во тек и дека има некои работи во кои не се сложуваат. Сепак, ние сме доста мирни што се однесува до тоа бидејќи знаеме дека Меси ќе го продолжи својот договор.

Приказните дека ќе ја напушти Барселона се глупост“, рече Суарез.

Со вчерашниот гол означи нов рекорд бидејќи повеќе нема тимови во Ла Лига на кои Аргентинецот не ја затресе мрежата. Аргентинскиот фудбалер во последно време пружа одлични партии и сосема е сигурно дека Барселона нема туку така да ги одбие условите кои ги бара овој фудбалер.