Англиските медиуми: Конте лаже дека Коста е повреден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Диего Коста и понатака е главна тема на англиските медиуми после конфликтот со Антонио Конте.

Пред неколку дена во медиумите се појави приказна дека дојде до конфликт  меѓу Конте и Коста, а во Челси пробаа тоа да го прикријат.

Сепак, кога се дозна дека Коста не е во конкуренција за мечот против Лестер некои работи станаа доста сомнителни.

Италијанскиот стручнак вчера изјави дека Коста не играше бидејќи ја обнови повредата на грбот на тренинг во вторник.

На англиските медиуми не требаше долго да откријат дека Конте не ја зборува вистината.

Имено, доволно беше само да го посетите официјалниот Инстаграм профил на напаѓачот на Челси кој во средата објави слика од теретана.

Ако болките биле толку страшни како што Конте изјави сигурно тој немаше да може да оди во теретана да вежба.