Биг АЛ – Индијана го доведува Џеферсон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Индијана Пејсерс ќе го доведе центарот, Ал Џеферсон, соопштија америчките медиуми.

Џеферсон наводно ќе потпише 3-годишен договор вреден 30 милиони евра.

Тој претходните 3 сезони ги помина во Шарлот, а во последната имаше учинок од 12 поени, 6.5 скока и 1.5 асистенции.

Тоа му беше најслаб учинок уште од кога во сезоната 2005/2006 во дресот на Бостон кој во 2007-ма година го трејдуваше во Минесота за Кевин Гарнет.

Џеферсон има играно и за Јута Џез.