Дали Мурињо ќе ги скине „проклетството“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе денеска ќе ги предводи Ѓаволите во најголемиот натпревар на англискиот фудбал.

Не се само бодовите во прашање, има ли сила да го скине проклетството од своите рамена?

Манчестер Јунајтед го тргна Ливерпул од тронот, стана клуб со најмногу титули во Англија, но на „Мерсисајд“ секогаш ќе ја покажуваат раката полна со прсти, пет пати биле шампиони на Европа.

Во секој случај, останатите англиски клубови со тоа немаат ништо, ова е најголем меч на островот, сметајќи и на Олд Фирм кој сепак со време стана шкотска работа, повеќе врзана за религија, отколку за сериозен фудбал.

Мурињо се тоа ќе го има на ум, но во ова дерби ќе го внесе и својот очаен скор против Јирген Клоп, тој едноставно не умее против Германецот.

Го победи само еднаш и таа победа беше пирова, Реал го совлада Дортмунд со 2:0, пукаше со сите оружја на крајот на таа 2012, но во финалето отиде Клоп со своите Милионери кои првиот меч од полуфиналето во ЛШ го добија со 4:1.

Играа и во групната фаза од ова натпреварување, повторно  Мурињо го извлече подебелиот крај, на Бернабе беше нерешено, пред „Жолтиот ѕид“ Дортмунд славеше со 2:1.

Тогаш Мурињо се врати во ПЛ, ја освои титулата со Чеси, а потоа Клоп се појави во Ливерпул. И повторно го растури Мурињо, 3:1 на Олд Трафорд, а Посебниот остана непоразен на Енфилд во оваа зима, мечот е завршен без голови.

Значи, Клоп не го победи никогаш, сега е сепак е подруга ситуацијата, Јунајтед е во серија на победи, во овој тим сепак е вложено многу повеќе отколку што Клоп инвестираше во Ливерпул, се работи за 60 милиони евра помалку.

А повторно, Германецот е подобро пласиран со Ливерпул, навистина имаше и повеќе време со екипата отколку Мурињо кој стигна во летото.

Но, се тоа ќе падне во вода вечерва од 17 часот на Театарот на соништата, на табелата ситуацијата јасно зборува дека гостите би се задоволиле со реми, имаат пет бода повеќе.

Не чекаат многу возбудувања, бидете тука да ги искоментираме случувањата…