Кристоферсен најбрз во Венген


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен ја оствари четвртата овосезонска победа во слалом.

Кристоферсен денес во Венген триумфираше со време 1:43:41.

Лидерот во генералниот пласман, Марсел Хиршер заврши втор со заостанување од 15 стотинки, а трет беше Феликс Ноеројтер со време 1:43:94.

Во пласманот во слалом Кристоферсен е прв со 460 бода, зад него е Хиршер со 440 бода, а трет е Манфред Мелг со 358 бода.

Во вкупниот пласман на чело е Марсел Хиршер со 973 бода, а на второто место е Хенрик Кристоферсен со 692 бода, а трет е Алексис Пантуро со 629 бода.