Асистенција на Несторовски и дебакл на Палермо, Наполи и Рома запишаа нови победи (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од дваесетото коло од Серија А се одиграа уште пет натпревари.

Лацио со пресврт на Олимпико ја совлада Аталанта, 2:1.

Петања му донесе водство на Аталанта. Во финишот на првото полувреме Савиќ го израмни резултатот.

Имобиле од пенал во второто полувреме погоди за победа на Лацио.

 

Наполи на Сан Паоло славеше против Пескара со 3:1.

Првото полувреме помина без погодоци во мрежите на двата клуба.

Од 47-ма до 49-та минута Тонели и Хамшик погодија за 2:0. Погодокот за 3:0 го постигна Дрис Мертенс пет минути пред крајот на натпреварот. Капрари од пенал во последната минута од натпреварот ги постави конечните 3:1.


Dries Mertens Goal HD – Napoli 3-0 Pescara – 15… by nammakudla


Gianluca Caprari Penalty Goal HD – Napoli 3-1… by nammakudla

 

Сасуоло на домашен терен го совлада убедливо Палермо со 4:1.

Асистенцијата на Несторовски и погодокот на Куасион му донесоа водство на Палермо. Mатри и Рагуса во првото полувреме направија пресврт, 2:1.

Матри во второто полувреме го постигна и вториот погодок на натпреварот, а конечните 4:1 ги постави Политано во 83-та минута.


Минимална победа на Рома на гостувањето кај Удинезе, 0:1.

Раџа Наинголан во 12-та минута ја затресе мрежата на домашните за водство на Рома. Неколку минути подоцна Един Џеко промаши пенал за зголемување на водството на римската волчица.

Во второто полувреме не видовме погодоци, а Рома си замина со цел плен.

 

Натпреварот Сампдорија – Емполи заврши без победник, 0:0. Важно да се спомне за овој натпревар е дека гостите во првото полувреме промашија пенал.