Озил е најдобар фудбалер во Германија за 2016 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал и Германија, Месут Озил беше избран за најдобар играч на Германија за 2016 година.

Тој многу убедливо победи, а негов противник беше Тони Крос од Реал Мадрид.

Озил освои 54.5% од гласовите додека Крос имаше 33.9%. Германецот зад себе има одлична година со клубот, но и со репрезентацијата.

Тој за медиумите изјави дека ова е голема награда за него и дека е среќен затоа што конечно ја освоил.