„Сериозна повреда на Фертонген“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Покетино е загрижен за повредата на Фертонген.

Тотенхем победи против ВБА со 4:0, но сенка на одличната игра фрли повредата на 29-годишниот фудбалер.

„Мораме да почекаме резултати во понеделник и да процениме. Делуваше многу лошо. Тој е разочаран, тешко му е, но нема да го брзаме и ќе почекаме да оздрави.“

Тој одигра 20 натпревари оваа сезона во ПЛ.

Тотенхем се наоѓа на 2-то место со 7 бодови предност пред Челси, а во следното коло тие играат против Манчестер Сити.

Тој има 29 години, а во Тотнхем стигна од Ајакс во 2012 година. Има 85 натпревари одиграно и 6 голови за Белгија.