Ибрахимовиќ го спаси Јунајтед од пораз против Ливерпул (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд ремизираа во натпревар од 21-то коло од ПЛ, 1:1.

Погба после дваесетина минути од натпреварот шутираше непрецизно. Во 27-ма минута беше досуден пенал за Ливерпул. Пол Погба играше со рака во казнениот простор.

Џејмс Милнер ја намести топката на белата точка и погоди за водство на црвените.

Мињоле неколку минути подоцна одбрани одлично по изведениот слободен удар на Златан Ибрахимовиќ. Миктаријан пред крајот на првото полувреме шутираше, но Мињоле одбрани.

На полувреме Ливерпул замина со минимална предност, 0:1.

Почетокот на второто полувреме донесе шанса на Ориги чиј шут беше блокиран. Фирмињо и Вајналдум имаа шанса да го зголемат водството на црвените, но не успеаа.

Фелаини со глава во 83-та минута ја погоди стативата. Само минута подоцна Антонио Валенсија нафрли, а Златан Ибрахимовиќ со глава го израмни резултатот.

На крајот двата клуба ги поделија бодовите, 1:1. Во следното коло Јунајтед му гостува на Стоук, а Ливерпул на Енфилд ќе го пречека Стоук.