Франција е непобедлива, Катар лесно со Бахреин


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Уште два натпревари се одиграа на СП во Франција, еден од второто и еден од третото коло.

Репрезентацијата на Катар го декласира Бахреин со 32:22 во натпревар од второто коло од групата Б.

Катарците влегоа фуриозно во натпревар. Мадади постигна погодок во последната минута од натпреварот за на полувреме Катар да има двоцифрена предност, 9:19.

Во второто полувреме предноста на репрезентацијата на Катар варираше. На крајот Катар славеше со 22:32 за прва победа на СП во Франција.

Ахмад Мадади со 8 погодоци го предводеше Катар. Малаш постигна 6 погодоци. Али Махмуд Абдулкадер кај Бахреин беше најефикасен со 5 погодоци.

 

Домаќинот Франција ја совлада Норвешка со 31:28 во натпревар од третото коло од групата А.

Карабатиќ и Порт погодија за 4:2 после четири минути игра. Тонесен и Бјорнсен набрзина вратија и го израмнија резултатот, 4:4.

Французите преку Нгесан, Сораиндо и Карабатиќ стигнаа до водство од 7:4. Норвешка успеа да намали на 7:6 со погодоците на Тонесен и Јондал. Ракометарите на Франција направија серија од четири погодоци за водство, 13:8 осум минути пред крајот на првото полувреме.

Јондал, Бјорнсен и Мирхол намалија на само два негатива, 13:11. Со погодокот на Мае од пенал во последната минута од натпревар, Франција замина на полувреме со водство, 16:12.

Карабатиќ и Мае зголемија на стартот на второто полувреме на 19:13. Род и Јондал погодија за 23:18 дваесет минути пред крајот на натпреварот.

Во 53-та минута Франција имаше водство од 5 погодоци, 28:23 по серијата на два погодоци во низа на Карабатиќ и Мае. Домаќинот на крајот славеше со 31:28.

Франција ја запиша третата победа на СП и и го нанесе првиот пораз на Норвешка во групната фаза. Недим Ремили, Никола Карабатиќ и Кентин Мае ја предводеа Франција до победа со по 5 погодоци. Кај Норвешка најефикасен го заврши натпреварот Сандер Сагосен кој постигна 8 погодоци.