После пораз следува победа – Вардар лесно со Крим Меркатор во ВРХЛ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ЖРК Вардар славеше во второто коло во ВРХЛ регионалната лига против Крим Меркатор со 38:29.

Крим Меркатор само 15 минути успеа да одолее на нападoт на Вардарки и да се справи со одбраната.

Последен пат Крим успеа да израмни на 6-6 по што следуваше серија на Вардарки за водство 8-7. Потоа направија серија 5-0 за водство 13-7. После ова водство, Крим не успеа да се врати назад, и на полувреме Вардар имаше предност од 19-13.

Второто полувреме беше повеќе рутина, бидејќи ривалот неможеше да го следи темпото што го наметнаа Вардарки.

Најефикасна беше Херем со 9 погодоци. Радичевиќ и Дамњановиќ додадоја по 6 погодоци. Георгиев кај Крим беше најефикасна со 8 погодоци.